• четврток, 02 мај 2024

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер, 24 април 2024 (МИА) - Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона.дс

Фото: Архива

Остани поврзан