• недела, 28 април 2024

Алкалоид со гостинска победа над Тиквеш го задржа чекорот со водечките екипи

Алкалоид со гостинска победа над Тиквеш го задржа чекорот со водечките екипи

Кавадарци, 13 април 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен вцицепрвал Алкалоид вечерва забележа победа на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш со 28:23 и ги задржа шансите за висок пласман.

Репрезентативецот Марко Митрев беше најефикасен во победничкиот тим со седум погодоци, кај домаќините се истакна Мартин Манасков со осум голови.

Резултати на другите натпревари од 9. коло во плејофот од машката ракометна Супер лига:

Еурофрам Пелистер – Бутел 30:22
Струга – Охрид 21:24
Пролет – Вардар 20:21

Табела: Еурофарм Пелистер 26, Вардар 24, Охрид 23, Алкалоид 21, Тиквеш 16, Пролет 6, Бутел 4, Струига 0. зс/

 

Остани поврзан