• четврток, 21 ноември 2024

Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата

Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата

Скопје, 21 октомври 2023 (МИА) - Законот за плати е обемен, драфт верзијата е веќе пратена до Работната група, но се уште не можам да кажам дека имаме варијанта која треба да биде отворена за дебата, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Според него, со овој закон ќе се креираат стандарди и точно ќе се знае колку бодови има секое работно место, за секој профил.

-Законот за плати го работиме одамна. Дава рамка за целиот платен систем и длабоко веруваме дека со него ќе се реши проболемот со кој во моментов се соочуваме. Сега, во различни институции колеги со ист профил имаат различни плати. Во Министерството за финансии, колегите земаат 30 отсто повеќе плата од колегите во други министерства. Дисторзијата е очигледна. Со законот ќе креираме стандарди и ќе се знае точно, преку каскаден систем, колку бодови има секое работно место, за секој профил. Се надевам дека ќе имаме платен систем кој ќе даде јасна слика за административците и за функионерите, истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. мч/дма/

фото: МИА архива и принт скрин

 

Остани поврзан