• понеделник, 23 декември 2024

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во официјална посета на Северна Македонија  

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во официјална посета на Северна Македонија   

Скопје,  5 ноември 2021 (МИА) -  Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска  ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. 

Пелеши ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, а по официјалната церемонија со највисоки воени почести, ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации.

Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, за улогата на двете земји-членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност, како и за унапредување на колективната одбрана во рамки на Алијансата. 

Северна Македонија и Албанија, како што наведуваат од Министерството за одбрана, имаат одлични билатерални одбранбени односи, соработуваат на регионално ниво и се сојузници во рамки на НАТО – Алијансата.

Албанската делегација ќе биде примена и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на државата Стево Пендаровски. дма/бак/

Остани поврзан