Одбележан патрониот празник на Општина Илинден
- Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“, беше организирана стенд ап комедија со еден од најпознатите македонски комичари, Бојан Велевски. Настанот се одржа во амфитеатарот на Средното општинско училиште „Илинден“ и привлече голем број граѓани од сите возрасти.
Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“, беше организирана стенд ап комедија со еден од најпознатите македонски комичари, Бојан Велевски. Настанот се одржа во амфитеатарот на Средното општинско училиште „Илинден“ и привлече голем број граѓани од сите возрасти.
Присутен на настанот беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека патрониот празник е време на сеќавање и почит кон историското и културното наследство, но и дека е момент за сплотување на заедницата, токму преку настани што носат радост и забава. Градоначалникот исто така истакна дека Општината и во иднина ќе продолжи да организира културни програми кои ги поврзуваат генерациите и го збогатуваат општествениот живот.
Прославата продолжува и денеска, во 20 часот, со богат фолклорен концерт што ќе се одржи во амфитеатарот на Домот на култура „Илинден“. Публиката ќе има можност да ужива во настапите на неколку фолклорни ансамбли, а вечерта ќе ја заокружи настапот на доајенот на македонската естрада, Наум Петрески.
Општина Илинден останува посветена на зачувувањето и промовирањето на културното наследство преку организирање на вакви и слични настани кои го зближуваат локалното население и ја одбележуваат автентичната македонска традиција. свс/дма/
Фото:Општина Илинден