• сабота, 27 јули 2024

Албанија: По налог на СПАК уапсени поранешни и актуелни високи полициски функционери

Албанија: По налог на СПАК уапсени поранешни и актуелни високи полициски функционери

Тирана, 21 ноември 2023 (МИА) - Албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, издаде 11 налози за апсење, во рамки на акцијата во која беше погодена структурирана криминална група, вклучувајќи актуелни и поранешни високи полициски раководители.

Налозите за апсење биле издадени откако од француските власти  се добиени дешифрирани разговори на апликацијата „Скај“.

Во рамки на акцијата, уапсен е поранешниот заменик-директор на полицијата во Тирана, Ерзен Бречани, а се трага по неговиот син Ералби Бречани, кои се обвинети за „поддршка на сторител на криминал“ и „перење пари“. Уапсен е и актуелниот началник за секторот за криминалистика во полициската станица број 6 во Тирана, Дедан Ѓони. Против „крим босот“ се поднесени повеќе пријави за повеќе кривични дела, од кои едното е „обезбедување услови за извршување на убиство“, наведува euronews.al.

Лисици на рацете колегите и ставиле и на Јонида Бабамето, со чин офицер во Управата за граница и имиграција а се трага по седум други лица меѓу Ералби Бречани и бизнисменот Ервин Мата, за кои постојат сознанија дека се надвор од земјата.

Осомничените за кои е издаден налог исто така се товарат и за случајот со четири пратки со кокаин запленети во 2021 година во Холандија, Бразил, Германија и Шпанија, кои станаа предмет на истрага на специјалното обвинителство СПАК против членовите на групата на Ервин Мата, познати по прекарот „Боли“.

Поред дел од медимите поранешниот заменик-директор на полицијата во Тирана, Ерзен Бречани на ова функција бил до 2013 година кога на власт дојдоа социјалистите, по што формирал приватна агенција за обезбедување. Се смета за многу блисок човек на поранешниот премиер Сали Бериша, во чие владеење извршувал високи функции во полицијата. вт/ссм/

Фото: СПАК

Остани поврзан