• вторник, 16 јули 2024

Албанија и Германија потпишаа договор за соработката во управувањето со ризиците што произлегуваат од климатските промени

Албанија и Германија потпишаа договор за соработката во управувањето со ризиците што произлегуваат од климатските промени


Тирана, 15 јули 2024 (МИА) - Албанија и Германија ќе ја зајакнат соработката во управувањето со ризиците што произлегуваат од климатските промени преку програма насочена кон урбан развој во Албанија отпорен на климатски промени, објави државната агенција АТА.

Министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро и германскиот амбасадор во Албанија, Карл Бергнер го потпишаа договорот „ALBAdapt“ за подобрување на информацискиот систем на метеоролошката служба преку создавање систем за рано предупредување според меѓународните стандарди.

-Општините, институциите на заедницата, агенциите и владата мора да преземат повеќе активности за да се спречи тоа да се случи. Затоа сме заедно, тоа не е само албанско прашање. Медитеранот има такви проблеми и Албанија е во срцето на оваа територија. Благодарение на соработката со германската амбасада, со нашите важни партнери, започнуваме нова активност во оваа насока, оценила Кумбаро.

Амбасадорот Карл Бергнер изразил задоволство што и помагаат на Албанија да се соочи со климатските промени.

-Со овој проект и помагаме и на метеоролошката служба со попрецизни прогнози за спасување животи при екстремни временски услови, рече Бергнер.

Целта на проектот е да се зголеми капацитетот за адаптација и климатската отпорност на Албанија преку генерирање, координација и ефективна употреба на информации за климата во форма на национална хидрометеоролошка служба и функционална национална рамка за климатски услуги, вклучен систем за рано предупредување за ризик. во „интегрираниот“ систем за информации и предупредување за климата (CIEWS).

Благодарение на поддршката на Германија, Швајцарија и Зелениот климатски фонд (GCF), Албанија наскоро ќе добие повеќе од 36 милиони евра за да се подготви за климатските промени. вт/
Фото: Кумбаро ФБ/

Остани поврзан