• петок, 21 јуни 2024

Активисти на Левица одбележаа 81 година од смртта на Рацин

Активисти на Левица одбележаа 81 година од смртта на Рацин

13 јуни 2024
 
Денес се навршуваат 81 година од смртта на македонскиот великан и поет на револуцијата, Кочо Рацин. Активистите на Левица од неговиот роден град Велес, денес им се придружија на ултрамаратонците кои изминативе 4 дена поминаа над 150 километри и положија цвеќе на врвот на Лопушник, како и на местото на неговото погибје. 
 
Коста Солев Рацин (1908 - 1943) е еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. 
 
Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература. 
 
***
 
„Во Рацин имаме најиздигнат македонски народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го рекол и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник - грнчар со упорно самообразование се издигна така високо“, Блаже Конески.

Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан