• недела, 22 декември 2024

Аксиос: Челниците на Шин Бет и ИДФ го информираа Египет за деталите за нападот на Рафа

Аксиос: Челниците на Шин Бет и ИДФ го информираа Египет за деталите за нападот на Рафа

Вашингтон, 24 април 2024 (МИА) - Шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет Ронен Бар и шефот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви престојуваат во Каиро за да разговараат за деталите од планот за напад на Рафа, во близина на границата на Појасот Газа со Египет, пренесува Аксиос, повикувајќи се на тројца израелски официјални лица.

На состанокот присуствувале египетските разузнавачки и воени претставници, а нивниот став претходно беше дека треба да се избегне напад врз градот, во кој живеат повеќе од милион раселени Палестинци. ссм/

фото: архива

Остани поврзан