Две лица загинаа ви руски напад врз Полтава
- Во руски напад на Полтава, во централниот дел на Украина, загинаа две лица, додека 11 се повредени, вклучително и цивили, соопшти гувернерот на регионот, Володимир Кохут.
Полтава, 3 јули 2025 (МИА) – Во руски напад на Полтава, во централниот дел на Украина, загинаа две лица, додека 11 се повредени, вклучително и цивили, соопшти гувернерот на регионот, Володимир Кохут.
Нападот е извршен со дронови, пренесе Укринформ.
Според информациите на украинските власти, нападот се случил утринава околу девет часот, кога еден од дроновите предизвикал пожар во зграда на центарот на градот. јт/
Фото: Х скриншот