• вторник, 14 април 2026

Хезболах лансира 30 ракети кон Израел по ноќните воздушни напади на ИДФ

Хезболах лансира 30 ракети кон Израел по ноќните воздушни напади на ИДФ

Тел Авив, 26 март 2026 (МИА) - Либанската група Хезболах утрово лансира 30 проектили кон северниот дел на Израел како одговор на израелските напади врз нивната инфраструктура во текот на ноќта - објави израелската телевизија „Канал 12“.

Нападите ги активираа сирените за тревога во градот Сафед и околните населени места. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните воздухопловни сили претходно погодиле дополнителни цели на Хезболах вклучувајќи и противтенковски позиции, од кои групата планирала напади врз израелските сили.

„Израелските одбранбени сили продолжуваат силно да дејствуваат против терористичката организација Хезболах, која одлучи да се вклучи во конфликтот под покровителство на иранскиот режим. Нема да дозволиме загрозување на граѓаните на Израел“, се наведува во официјалното соопштение на израелската војска. ссм/аб/

фото: архива

Остани поврзан