• недела, 22 декември 2024

Ако предложените измени на Законот за здруженија и фондации се добри и конструктивни ќе бидат прифатени, најави Тупанчески

Ако предложените измени на Законот за здруженија и фондации се добри и конструктивни ќе бидат прифатени, најави Тупанчески
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Секое добро решение ќе биде прифатено, што отсекогаш тоа било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или опозиција - ако предлогот е добар и конструктивен ќе биде прифатен, изјави министерот за правда Никола Тупанчески коментирајќи го Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен до Собранието од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со кој треба да се спречи имиња на контроверзни личност да бидат вклучени во називите на здруженија на граѓани. - Таа Комисија или ад хок тело, кое што веќе е формирано заседаваше во неколку наврати. Сериозно си ја сфати својата обврска да се произнесува во однос на тоа дали историските ликови кои што имаат контроверзно минато можат да бидат дел од името на здружението, односно на фондацијата. Во таа насока, тоа е советодавно тело – повторувам, меѓутоа еве треба да се каже уште едно нешто, да се потенцира дека во моментов во Собрание се измени и дополни на Законот за здруженија и фондации, што всушност истовремено се движат во насока колку што е можно попронтно итно да бидат решени состојбите коишто не дозволуваат чекање на носење на нов закон, истакна Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”. Тој нагласи дека до донесувањето на новиот закон, целта на овие измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, за чие усвојување практично има консензус и од опозицијата и од власта, е да може веднаш да се реагира и да се амортизираат, односно неутрализираат состојбите коишто настанаа во оваа сфера. На новинарско прашање дали ќе побара преименување на постојните бугарски здруженија, во однос на чии цели веќе реагираа и граѓани и Комисијата за спречување на дискриминација, Тупанчевски изјави дека легалистички гледано одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции кои имаат можност да постапуваат. - По сето она што е во рамките на Министерството за правда ќе биде постапено. Меѓутоа, дефинитивно, за жал, постојниот закон не дозволува големи можности за реакција од страна на Министерството за правда. По донесувањето на новите измени, зависи какви ќе бидат измените, бидејќи има одредени амандмани, ќе треба тие попрецизно да се уредат и она што се нарекува правна празнина да биде пополнета. Во таа насока сигурно и точно ќе се знае кое тело со какви надлежности ќе биде и во кое време треба да постапи, истакна министерот Тупанчески. фф/сп/

Остани поврзан