• сабота, 11 мај 2024

Азербејџан и Еременија разменија заробеници во погранично подрачје

Азербејџан и Еременија разменија заробеници во погранично подрачје

Баку/Ереван, 13 декември 2023 (МИА)  - Азербејџан и Ерменија денеска разменија воени заробеници во пограничната област, изјави неименуван очевидец.

Се очекуваше да бидат разменети 32 Ерменци, главно заробени кон крајот на 2020 година, за двајца азербејџански војници заробени во април 2023 година.

Претходно денеска беше објавено дека Ерменија и Азербејџан разговарале за повлекување на војниците од пограничната област, иако се уште не е донесена одлука.

Ерменија и Азербејџан водеа две војни во изминатите 30 години за Нагорно-Карабах, планински регион кој е дел од Азербејџан, но е место на етничките Ерменци кои воспоставија де факто независност во 1990-тите. Азербејџан го врати Нагорно Карабах во офанзива во септември оваа година, по што повеќето од 120.000 етнички Ерменци побегнаа во Ерменија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан