• понеделник, 17 јуни 2024

Австрија: Силно невреме ја погоди Штаерска, евакуирани околу 50 луѓе

Австрија: Силно невреме ја погоди Штаерска, евакуирани околу 50 луѓе

Виена, 9 јуни 2024 (МИА) – Штаерска ја зафати силно невреме пропратено со грмежи, поради што надлежните служби беа принудени да евакуираат околу 50 загрозени лица.

За само неколку минути надојдената река Босебах се излеа од коритото, што предизвика поплавување на центарот на Дојчфајстриц, пишува весникот „Прес“.

Водената стихија однела автомобили, а според сведочењето на пожарникарите, неколку лица биле спасени од критична ситуација. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан