• петок, 22 ноември 2024

Кибер напад врз ТВП за време на фудбалскиот натпревар Полска – Холандија

Кибер напад врз ТВП за време на фудбалскиот натпревар Полска – Холандија

Варшава, 16 јуни 2024 (МИА) – Интернет-страницата на спортскиот канал на Полската јавна телевизија (ТВП) беше мета на кибер напад за време на денешниот натпревар Полска – Холандија, поради што гледачите не можеа да го следат првото полувреме.

- Околу 15 часот беше нападната ИП адресата на полската телевизија, изјави директорот на ТВП Спорт, Јакуп Квиатковски.

Нападот целосно го блокира сајтот на ТВП Спорт до почетокот на второто полувреме.

Полска денеска во Хамбург го загуби првиот натпревар со 1:2 од Холандија во првото коло на Европското фудбалско првенство во Германија. ми/

фото: ТВП Спорт лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан