• среда, 17 јули 2024

„Тактичката пауза“ на израелската армија е неприфатлива за Нетанјаху

„Тактичката пауза“ на израелската армија е неприфатлива за Нетанјаху

Ерусалим, 16 јуни 2024 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше „тактичката пауза“ во офанзивата во јужниот дел на Појасот Газа, што ја најави израелската армија за да овозможи достава на поголемо количество хуманитарна помош.

Израелската армија најави дневна пауза од осум до 19 часот по локално време во областа од преминот Керем Шалон до патот Салах ал-Дин.

Неименуван израелски претставник изјави дека за Нетанјаху хуманитарната пауза е неприфатлива.

И министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир ја осуди идејата за „тактичка пауза“, истакнувајќи оти тој што одлучил е будала кој треба да остане без работа.

Израелската армија соопшти дека покрај „тактичката пауза“ ќе ја продолжи операцијата во Рафа, актуелното жариште на судирот во Појасот Газа. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан