• петок, 10 мај 2024

Австрија го крена нивото на опасност од тероризам

Австрија го крена нивото на опасност од тероризам

Виена, 18 октомври 2023 (МИА) - Властите во Австрија денеска го покренаа нивото на предупредување за заканата од тероризам поради неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и терористичкиот напад во Брисел.

Австрискиот радуодифузен сервис ОРФ јавува дека министерот за внатрешни работи Герхард Карнер соопшти дека предупредувањето е покренато на второ највисоко ниво.

Карнер доддаде дека дополнителни, „специјално обучени сили“ на австриската армија ќе се користат „пред се за заштита на еврејските институции“. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан