• недела, 22 декември 2024

Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот

Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот

Виена, 28 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на австриската општина Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер, беше убиен денеска во округот Рорбах, а осомничениот за нападот е во бегство, пренесува Кронен Цајтунг.

Според весникот, осомничениот е ловец и се смета за многу опасен. Наводно, при неговото бегство се сомничи дека пукал и кон уште две лица. Австриски медиуми јавуваат дека по откриеното тело на градоначалникот, откриено е уште едно тело, кој бил ловец, исто како и напаѓачот.

Во Горна Австрија е започната масовна полициска акција откако телото на жртвата беше пронајдено по пукањето во округот Рорбах.

Ангажирани се сите служби за вонредни ситуации, вклучувајќи и оклопно возило на специјалната единица „Кобра“.

Според извештаите, нападот се случил на ливада, а канцеларијата на гувернерот Томас Шелцер потврди дека жртвата е градоначалникот на Кирхберг об дер Донау. ссм/

фото: архива

Остани поврзан