• недела, 05 мај 2024

Абдиу Халили - Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Абдиу Халили - Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу – Халили денеска оствари средба со вицепремиерката за европски прашања на Молдавија Кристина Герасимов, соопштија од СЕП.

Абдиу – Халили истакнала дека на средбата се разговарало за соработката и техничката помош што ние како држава можеме да ја понудиме во однос на преговарачкиот процес со ЕУ, Молдавија и Украина се две земји од источното партнерство кои неодамна ги започнаа преговорите за членство во ЕУ. 

-Молдавија високо го цени нашето знаење и искуство кое како држава го имаме во преговарачкиот процес, земајќи ги предвид позитивните оценки што ги добивме од успешно завршениот скрининг со Европската комисија, истакнала Герасимов на состанокот.

Државната секретарка Абдиу - Халили посочила дека нејзината порака до вицепремиерката Герасимов била дека предуслов за успешен и ефикасен преговарачки процес е постигнување широк и стабилен државен консензус во однос на членството во Европската Унија.

Соговорничките на средбата се согласиле дека Руската агресија и војната во Украина создале нов момент во ЕУ, ставајќи го проширувањето на врвот на европската агенда, а членството во ЕУ како наша заедничка цел. Подготвени сме, нагласиле Абдиу Халили - Герасимов, за меѓусебна соработка до реализација на оваа цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 година. сст/дма/

Фото:СЕП

 

Остани поврзан