• вторник, 24 декември 2024

Taјани: Италија е подготвена да испрати војници во мировна мисија доколку се создаде палестинска држава

Taјани: Италија е подготвена да испрати војници во мировна мисија доколку се создаде палестинска држава

Рим, 16 април 2024 (МИА) - Италија ќе биде подготвена да испрати војници како дел од мировната мисија со други земји доколку се формира меѓународно призната палестинска држава, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани.

„Италијанската влада е многу заинтересирана за мир“, истакна тој на форумот организиран од италијанската новинска агенција АНСА. „Ние сме пријатели на Израел, но сакаме да работиме за мир, вклучително и со евентуално испраќање војници, заедно со сили од други земји, ако биде формирана палестинска држава.

- Фактот дека Рим е ротирачки претседавач на Г7 е можност за мир во светот разурнат од војна, додаде Тајани. Тој нагласи дека мирот ќе биде главната цел на Г-7.

„Единство што е важно: кога сакате да постигнете една цел, сите страни мора да имаат заедничка визија“, истакна италијанскиот министер. Во оваа насока веќе се испратени важни пораки“, додаде Тајани. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан