• петок, 05 декември 2025

Украинскиот парламент усвои закон со кој се обезбедува независност на антикорупциските надзорни тела

Украинскиот парламент усвои закон со кој се обезбедува независност на антикорупциските надзорни тела

Киев, 31 јули 2025 (МИА) – Украинскиот парламент денеска усвои закон, поднесен од претседателот Володимир Зеленски, со кој се враќа независноста на антикорупциските тела во земјата.

Со ова е поништен неговиот контроверзен потег од минатата недела, кога потпиша закон за кој критичарите рекоа дека ја слабее независноста на антикорупциските тела во земјата, што предизвика протести и критики од Европската Унија. Критичарите тврдеа дека новиот закон го поткопува авторитетот на Националното антикорупциско биро (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО), ставајќи ги под контрола на државниот обвинител.

Пратениците во Врховната Рада, украинскиот парламент во Киев, го одобрија новиот предлог на Зеленски со 331 глас „за“ и девет „воздржани“. јт/

Фото: Парламент на Украина на Фејсбук

Остани поврзан