• четврток, 05 декември 2024

Орбан предвидува дека новата американска влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Орбан предвидува дека новата американска влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Будимпешта, 8 ноември 2024 (МИА) - Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот на Европскиот совет во Будимпешта.

Орбан е домаќин на самитот на ЕУ еден ден по состанокот на Европската политичка заедница, на кој присуствуваа лидери на ЕУ и највисоки претставници од 47 европски земји.

На денешниот состанок на Европскиот совет војната во Украина ќе биде една од главните теми.

Повеќето од највисоките функционери на 27-те земји на ЕУ веруваат дека снабдувањето на Украина со оружје и пари е клучно за безбедноста на континентот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан