• петок, 27 декември 2024

Во Сирија уапсен висок функционер на сменетата власт

Во Сирија уапсен висок функционер на сменетата власт

Дамаск, 26 декември 2024 (МИА) – Безбедносните сили на новата влада во Сирија денеска уапсија висок функционер на соборената влада во Тартус на западот од земјата, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Генералот Мохамед Канџо Хасан, шефот на военото правосудство на Башар ал-Асад и „одговорен за бројни смртни казни“ во озлогласениот затвор во близина на Дамаск, беше уапсен во градот Кирбет ал-Маза со 20 членови на неговата блиска стража, соопшти опсерваторијата.

Хасан осуди „илјадници луѓе на смрт во кратки судења“, изјави Диаб Серија, коосновач на Здружението на затвореници и исчезнати лица од затворот Сајднаја во близина на Дамаск.

Тоа здружение го проценува неговото богатство на околу 150 милиони долари, кои ги стекнал на сметка на семејствата на затворениците кои плаќале за да добијат информации за нивните членови, кои тој никогаш не ги дал.

Апсењето на Хасан, „еден од криминалците на режимот на Асад“, „претставува важен чекор кон постигнување правда и гонење на криминалците“, оцени сириската опозициска коалиција, која ги обединува главните политички партии во егзил. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан