Џонкел Џонс МВП на финалето на ВНБА
- Екипата на Њујорк за прв пат во историјата стана шампион на женската НБА-лига.

Њујорк, 21 октомври 2024 (МИА) – Екипата на Њујорк за прв пат во историјата стана шампион на женската НБА-лига.
Кошаркарката на Либерти, Џонкел Џонс е прогласена за најкорисна - МВП на финалето.
Џонс имаше просек од 17,8 поени, 7,6 скока и 2,2 асистенции во финалната серија против Минесота (3-2).
Во решавачкиот петти натпревар (67:62) одигран ноќеска, Џонкел постигна 17 поени, 6 скока, 1 асистенција и 2 украдени топки. зс/
Фото: ЕПА