Ливерпул му се приклучи на Баерн за потписот на Леао
- Англискиот првак Ливерпул му се приклучи на шампионот во Бундеслигата, Баерн Минхен, во трката за потписот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, јавија вечерва италијанските медиуми,
Рим, 3 јуни 2025 (МИА) – Англискиот првак Ливерпул му се приклучи на шампионот во Бундеслигата, Баерн Минхен, во трката за потписот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, јавија вечерва италијанските медиуми,
Дваесетипетгодишниот португалски репрезентативец има утре три години од договорот со Милан, но не е исклучена можноста да го напушти клубот по разочарувачката сезона во Серија А во која не успеа да обезбеди пласман во европските купови.
Откупната клаузула во договорот на Леао изнесува 130 милиони евра.
Леао е дел од Милан шест години, откако дојде од францускиот Лил во август 2019 година, а оваа сезона постигна 12 голови и додаде 13 асистенции за клубот од Милано. ег
ФОТО: ЕПА