Њукасл потпиша со 19-годишниот Дијало
- Крилниот напаѓач Амаду Диало потпиша договор со Њукасл јунајтед, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Њукасл, 18 октомври 2022 (МИА) - Крилниот напаѓач Амаду Диало потпиша договор со Њукасл јунајтед, објавено е на официјалниот сајт на клубот.
Договорот со 19-годишниот Англичанец е со важност до крајот на сезоната 2022/23.
Дијало се приклучи на академијата на тимот и веќе забележа еден настап во Премиер лигата.
Младинските категории Дијало ги мина во Вест Хем. Во летото 2022 година, тој го напушти лондонскиот клуб како слободен агент. зс/