Јувентус заинтересиран за Санчо
- Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо.

Торино, 18 јуни 2024 (МИА) - Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо.
Како што пренесе „Corriere Torino“, Јувентус фокусот го префрлил на 24-годишниот Англичанец по неуспехот во преговорите со уште еден играч на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој е склон да се пресели во Валенсија.
Втората половина од сезоната 2023/24 Санчо ја мина на позајмица во Борусија Дортмунд. Играчот од средниот ред одигра 21 натпревар за тимот, постигна три гола и исто толку асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на крилниот напаѓач на 30 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА