• понеделник, 23 декември 2024

Јувентус го продава Киеза за да обезбеди средства за трансфер на Санчо

Јувентус го продава Киеза за да обезбеди средства за трансфер на Санчо

Торино, 8 јули 2024 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза може да го напушти клубот од Торино, пренесува „Calciomercato“.

„Старата дама“ е подготвена да го продаде 26-годишниот Италијанец за да добие средства за трансферот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо. 

Јувентус сега разговара под кои услови 24-годишниот Англичанец може да потпише договор.

Минатата сезона Киеза одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 10 гола и две асистенции. 

Киеза играше за италијанската репрезентација на Евро 2024, без да постигне гол на четири натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан