• вторник, 24 декември 2024

Јермак: Украина и Унгарија сакаат средба

Јермак: Украина и Унгарија сакаат средба

Киев, 29 јануари 2024 (МИА) - Украина и Унгарија се заинтересирани за што поскоро средба на нивните лидери, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак по разговорот со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Украинските медиуми објавија дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој исто така бил присутен на состанокот, изјавил дека Киев и Будимпешта се договориле да формираат комитет кој ќе подготви предлози за правата на етничките Унгарци кои живеат во Украина.

Двете земји се расправаат за прашањето на унгарското малцинство. Будимпешта ја обвинува оваа земја разурната од војна дека ги ограничува правата на околу 150 илјади етнички Унгарци да го користат својот јазик.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржува пријателски односи со Русија и покрај инвазијата на Украина, а во декември сите членки на ЕУ освен Унгарија го поддржаа отворањето на пристапните преговори со Киев. Блокот го заобиколи противењето на Орбан со тоа што го натера да ја напушти просторијата во моментот на одлуката.

Унгарија беше и единствената земја која не го прифати европскиот пакет помош за Украина на самитот во декември.

Сијарто пристигна во крајниот југозападен украински град неколку дена пред новата средба, каде повторно ќе се гласа за пакетот вреден 50 милијарди евра. мс/

Остани поврзан