Јамал го пропушта дуелот проитв Селта
- Тинејџерот на Барселона, 17-годишниот Ламин Јамал ќе го пропушти саботниот натпреварот на каталонскиот клуб против Селта Виго, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.
Барселона, 21 ноември 2024 (МИА) – Тинејџерот на Барселона, 17-годишниот Ламин Јамал ќе го пропушти саботниот натпреварот на каталонскиот клуб против Селта Виго, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.
Јамал сè уште се рехабилитира од повредата на зглобот и нема да биде подготвен за саботното гостување на Барселона.
Засега сè уште е неизвесно дали Јамал ќе може да се најде во составот за домашниот натпревар против француски Брест во Лигата на шампиони три дена подоцна.
Весникот наведува дека раководството на Барселона не сака да ризикува со избрзаното враќање на теренот на Јамал, кој стана клучна фигура во составот предводен од тренерот Ханси Флик. ег
ФОТО: ЕПА