• четврток, 24 октомври 2024

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА)  - ЈСП Скопје соопшти дека утре, поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на Транспортен центар, Ѓорче Петров и на Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан