• петок, 25 октомври 2024

Реконструиран еден од паркинзите кај комплекс „УЗУС“ во Велес

Реконструиран еден од паркинзите кај комплекс „УЗУС“ во Велес

Велес, 24 октомври 2024 (МИА) - Кај комплексот згради „УЗУС“ во новиот дел од Велес, покрај целосното партерно уредување во овој дел од градот,  се изврши и реконструкција на еден од паркинзите, информира градоначалникот Марко Колев. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

-Во наредниот период ќе се потрудиме за предвидување средства и за останатите паркинзи, со што комплекс „УЗУС“ ќе биде целосно завршен,најави Колев.ад/

Фото Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан