• понеделник, 23 декември 2024

ДИЖС направи вонреден инспекциски надзор по течението на Кумановка

ДИЖС направи вонреден инспекциски надзор по течението на Кумановка

Куманово, 24 октовмри 2024 (МИА) - Овластените комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај речното корито на Кумановка, каде пред извесен период несовесни граѓани фрлаа новопоставени канти за отпадоци, а граѓаните реагираа за појава на одредена материја во реката, соопштија денеска надлежните од Секторот за инспекциски надзор.

Оттаму велат дека до нив не стигнала писмена пријава од граѓани, туку ги известила кумановската полиција, која излегла на терен и заедно со комунален инспектор извршиле увид и направиле записник. За фрлената урбана опрема во реката, пријавиле од „Чистота и Зеленило“

- Во врска со истекување на несоодветна материја во река Кумановка инспекциски надзор е направен од страна на државен инспектор за животна средина во рамки на негови надлежности во соработка со општински виш инспектор за животна средина како и овластена инспекторка за животна средина од Општина Липково по течението на реката Кумановка од Средорек до место „Митев Мост“. При увид на самото место не е забележано истекување на материја која ја пени реката (направени се фотографии од самото место). Од страна на овластени комунални инспектори и општински комунални редари секојдневно се врши контрола на терен и истата ќе продолжи и во нареден период, информираше овластениот раководител на Секторот за инспекциски надзор, Бисера Настасијевиќ Варџиска.

И од Државниот инспекторат за животна средина потврдуваат дека извршиле вонреден инспекциски по течението на реката Липковка од село Режановце до местото Средорек (каде се соединуваат реката Липковка и реката Којнарка и ја формираат реката Кумановка), по течение на реката Којнарка од улица „Никола Тесла“ до место Средорек и по течение на реката Кумановка од Средорек до „Митев мост“.

-При увидот на самото место е констатирано дека нема видливо заматување на реката Липковка, реката Којнарка и реката Кумановка и нема угинување на риби, патки и друг вид на животни, велат од инспекторатот.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека реката Кумановка се загадува покрај населбите Средорек, Бавчи и „Октомвриска револуција“. ам/дма/


Фото: ДИЖС

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан