• недела, 27 октомври 2024

Утре без струја дел од општините Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош

Утре без струја дел од општините Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, утре од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Сесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево во општина Зелениково.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците во село Волково, општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 13:00 часот дел од корисниците на ул.„ Ангел Динев“ во населба Влае, општина Карпош, а од 13:30 до 14:30 часот дел од село Радуша во општина Ѓорче Петров. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан