• петок, 30 август 2024

Ѓорѓиевски на увид во проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

Ѓорѓиевски на увид во проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) – Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, заедно со претставници од Град Скопје, денеска извршија увид во градежните активности за продолжување на булеварот „Борис Трајковски“ до населбата Драчево, известуваат од општина Кисела Вода. - На овој потег, кој води од населбата Пинтија до влезот на Драчево, пред мостот на Маркова река, се изведува модерно булеварско решение во должина од над два километри, кое е продолжение на булеварот кој води низ Кисела Вода, информираат од општината. Оттаму потенцираат дека во моментов, интензивно се работи на процесот на експропријација на приватното земјиште, кое во најголем процент е во сопственост на деловни субјекти. - Очекуваната временска рамка за завршување на овој голем инфраструктурен проект е до крајот на оваа година. Истиот, ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе го олесни сообраќајот за преку 70 000 лица од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои секојдневно ја користат оваа делница, а дополнително, бенефит ќе има и за индустриската зона лоцирана во овој дел на градот, велат од општина Кисела Вода.ир/лв/

Остани поврзан