• сабота, 31 август 2024

Во Велес и велешко во новата учебна година 470 првачиња и 553 средношколци

Во Велес и велешко во новата учебна година 470  првачиња и 553 средношколци

Велес, 30 август 2024 (МИА) - Во претстојната нова учебна 2024/25 година од понеделник 2 септември во училишните клупи во Велес и велешко  ќе седнат 470 првачиња и 553 средношколци во четирите средни училишта во градот, информираат од Општина Велес.

Од вкупниот број на запишани првоодделенци 470, според листата прикажана од Општина Велес најголем број на првачиња, вкупно 134 оваа година се запишани во ООУ „Васил Главинов“. Второто место на листата според бројот на запишани ученици во прво одделение е  на училиштето „Блаже Конески“ каде од понеделник  на училиште ќе тргнат 99 првачиња. Дваесет и шест ученици помалку или вкупно 73 првооделенци  се запишани во ООУ „Св.. Кирил и Методиј“, додека за три помалку или 70 првачиња ќе седнат во училишните клупи на ООУ „Панко Брашнаров“.

Во училиштето „Лирија“ во село Бузалково запишани се 60 првачиња, додека во ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Горно Оризари запишани се 22 првоодделенци. Најмал број на првачиња само 12  има запишани  во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци.

Во сите училишта во понеделник за новите првачиња ќе има и свечена приредба за стартот на новата учебна година e во 7:30 часот.

Во прва година во учебната 2024/2025 во четирите средни училишта во прва година  запишани се вкупно 553 средношколци а најголем број од нив, 280 ученици во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“. Во хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ запишани се 134 ученици, Во гимназијата „Кочо Рацин“  се 77 ученици. Во економското училиште „Јовче Тесличков“ во прва година  се запишани 62 ученика.

Во Гимназијата и Економското училишта  наставата започнува во понеделник утрото во 7:15 часот во  ДСУ РЦСОО„Коле Неделковски“ во 7,30 часот  а во Хемиското „Димитрија Чуповски“ напладне во 13:30 часот.ад/са/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан