• сабота, 31 август 2024

Негативен природен прираст во вториот квартал

Негативен природен прираст во вториот квартал

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3 840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 711 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно - 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. 

Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2 533 бракови, што претставува намалување за 22.6 % во споредба со истиот период од  2023 година.

Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови.са/

Фото: МИА

Остани поврзан