• понеделник, 19 август 2024

Ѓорческа ја очекува противничката во квалификациите на УС Опен

Ѓорческа ја очекува противничката во квалификациите на УС Опен

Њујорк, 18 август 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска попладне ќе го дознае името на ривалката во првото коло од квалификациите на четвртиот Грен слем турнир УС Опен што се игра на терените на Флешинг Медоу во Њујорк. 

За Ѓорческа ова ќе биде настап на сите четири грен слем турнири оваа година и вторпат во својата кариера во една година ќе има настап на сите турнири (2017 година имаше настап).

Во својата кариера Ѓорческа досега имала три настапи во квалификациите на УС Опен – 2016, 2017 и 2018 година и во својот последен настап беше дел и од втората рунда од квалификациите. Ѓорческа во моментов се наоѓа на 193. место на ВТА листата.

Пред настапот на УС Опен, македонската тенисерка имаше успешни настапи финале на фјучрс турнир во Рим, како и полуфинале на фјучрс турнир во Португалија што се играше на тврда подлога. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан