• вторник, 24 декември 2024

Штипското електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ станува регионален центар

Штипското електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ станува регионален центар

Штип, 7 ноември 2024 (МИА) - Штипското Средно Општинско училиште „Коле Нехтенин“ станува регионален центар за средно стручно образование и обука, најави при денешната посета министерката за обарзование и наука, Весна Јаневска. Таа посочи дека со ова се прави исчекор напред, кога е во прашање образованито и напредокот на младите. Со ова Штип станува вистински центар во источниот дел од државата.

-Ќе претставува едно од осумте можни училишта регионални центри во источниот регион. Досега имаме отворени повеќе такви, ова е шесто. Многу наскоро очекуваме да го отвориме и седмиот и ќе остане до крајот нс 2028 да го отвориме и осмиот регионален центар, вели Јаневска.

Таа додава дека процесот ќе трае три години и се очекува да се подобри инфраструктурата. Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева вели дека ќе се определат и струките, кои се најнеопходни за овој регион.

-Ова за нас во иднина ќе значи набавка на многу нова опрема, реконструкција на објектите кои сега не се во функција и ќе очекуваме зголемување на бројот на ученици, вели Шалева.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов додава дека ова е суштинска одлука на Министерството за образование и наука која го подобрува образованието како во Штип така и за целиот регион.

-Ова уште еднаш потврдува дека Штип е образовен центар, јас сум убеден дека ќе се работи во насока на имплементација на овој регионален центар кој ќе работи на подобрување на образованието,  додава Јорданов.

Министерството за образование и наука вложува 8,6 милиони евра за четири регионални центри. Министерката за образование и наука, Јаневска се заблагодари и истакна дека силна поддршка се добива и од страна на ЕУ. вдј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан