• сабота, 23 ноември 2024

Шо: Не ги разбирам критиките кон Саутгејт

Шо: Не ги разбирам критиките кон Саутгејт

Берлин, 8 јули 2024 (МИА) - Левиот бек на Англија, Лук Шо, откри дека имал навистина тежок почеток на Евро 2024 кога бил дел од тимот, но немал шанса да игра бидејќи се опоравувал од повредата.

Тој усепа да се врати во „Трите лава“ последниот натпревар против Швајцарија, влегувајќи како замена и играјќи нешто повеќе од 40 минути.

-Последните четири месеци беа навистина тешки за мене. Првичниот план беше да се вратам многу порано, но доживеав неколку неуспеси. Беше навистина добро што се вратив на теренот. Имавме план со Герет, според кој требаше да бидам на линија за вториот или третиот натпревар, но, за жал, работите не функционираа баш и моравме да го одложиме моето враќање. Тој и Стив Холанд беа тука за мене цело време. Се разбира, тешко е да се биде со тимот во такви моменти, но атмосферата ме стимулираше. Бев малку изненаден од одлуката да бидам единствениот лев бек во тимот, но го гледам Киеран Трипие како таков бидејќи многу добро знам колку добро му оди на таа позиција, прокоментира Шо.

Додаде дека не ги разбира критиките кон селекторот.

-Тој направи многу за земјата и тимот, не однесе на следното ниво. Ниту еден друг тренер во последно време не бил толку успешен. Ние играчите го сакаме, тој е токму она што ни е потребно. Ни дозволува да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто од себе. На крајот на краиштата, ние сме во полуфинале, заврши бекот на Манчестер Јунајтед. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан