• среда, 27 ноември 2024

Шојгу тврди дека Русија воено напредува на сите фронтови во Украина

Шојгу тврди дека Русија воено напредува на сите фронтови во Украина

Москва, 1 декември 2023 (МИА) - Русија денеска соопшти дека нејзините трупи напредуваат во сите сектори на украинскиот фронт, и покрај тоа што набљудувачите забележаа мало движење во повеќе од година и половина откако Москва започна целосен напад врз Украина.

„Нашите војници дејствуваат компетентно и одлучно, заземаат поповолна позиција и ги прошируваат своите зони на контрола во сите правци“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додека неговите војници ги интензивираат нападите на источниот фронт.

Тој, исто така најави дека Русија следната година ќе одржи поморски вежби наречени Океан-2024.ссм/

фото: архива

Остани поврзан