• вторник, 24 декември 2024

Шојгу: Го зголемивме производството на оружје и муниција

Шојгу: Го зголемивме производството на оружје и муниција

Москва, 26 јануари 2024 (МИА) - Руската одбранбена индустрија значително го зголеми производството на оружје и муниција, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, сумирајќи ги резултатите од набавката на оружје и воена опрема, како и изградбата на инфраструктурни објекти во 2023 година.

„Успеавме значително да го зголемиме производството на основното потребно оружје и муниција. За тоа особено придонесе проширувањето и модернизацијата на производствените капацитети, како и зголемувањето на продуктивноста на трудот“, рече армискиот генерал.

„За добрите резултати придонесе и ефикасната работа на Министерството за одбрана и организацијата на одбранбената индустрија - многу компании отворија нови работилници, линии и се опремија со високотехнолошка опрема“, додаде Шојгу.

Според него, „опремата и оружјето брзо пристигнуваат во зоната за специјални воени операции и ја зголемуваат борбената способност на руските сили“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан