• сабота, 27 јули 2024

Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата офанзива во Рафа

Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата офанзива во Рафа

Берлин, 12 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против градот Рафа на југот на земјата, јави ДПА.

-Веруваме дека офанзивата против Рафа...би била неодговорна, рече Шолц вчера, говорејќи на настан на веб-пренос на групата весници RND во Потсдам.

-Предупредуваме на ова и не веруваме дека постои некаков план што на крајот ќе дозволи ова да се случи без огромни жртви од страна на цивилното население, рече канцеларот.

Шолц нагласи и дека Израел има право да се брани и да се бори против палестинската исламистичка група Хамас.

Сепак, тој додаде дека хуманитарната помош треба да стигне и во Газа и да има перспектива за мирен соживот, заснован на решение со две држави. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан