• понеделник, 16 декември 2024

Шолц во посета на Киев

Шолц во посета на Киев

Киев, 2 декември 2024 (МИА) -  Германскиот канцелар Олаф Шолц, за првпат по двеипол години, денеска пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Посетата не беше најавена поради безбедносни причини.

По пристигнувањето, германскиот канцелар најави дополнителни испораки на оружје за одбрана на Украина од Русија во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември.

- Би сакал да појаснам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа, рече Шолц, кој во главниот град на Украина отпатува со специјален воз.

Последната посета на Шолц на земјата беше во јуни 2020 година. јт/

Фото: Шолц на Х

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан