• среда, 27 ноември 2024

Шмихал: Контраофанзивата на вооружените сили на Украина може да започне на лето

Шмихал: Контраофанзивата на вооружените сили на Украина може да започне на лето

Киев, 11 април 2023 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека украинската контраофанзива би можела да започне на лето и дека Киев не чувствува притисок од западните „пријатели и партнери“.

„Не чувствуваме притисок од нашите пријатели и партнери во врска со почетокот на офанзивата. Сите наши пријатели и партнери многу добро знаат дека за да се тргне во контраофанзива, треба да се биде 100 проценти или уште повеќе подготвен за тоа“, рече Шмихал во интервју за весникот „Хил“.

Тој изјави „дека контраофанзивата би можела да започне веќе во текот на летото“.

Во исто време, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников истакна дека по затоплувањето може да се очекува контраофанзива и дека Киев планира да нанесе неколку удари.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската војска внимателно ги следи најавите на Вашингтон за неизбежна контраофанзива на украинската армија и ги зема предвид при планирањето на „специјалната воена операција во Украина“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан