Г7 со поддршка за територијалниот интегритет на Украина и хуманитарна помош за Газа
- Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 ја потврдија својата цврста поддршка за територијалниот интегритет на Украина во завршната декларација од тридневниот состанок во Ла Малбе, Квебек, Канада.

Ла Малбе, 14 март 2025 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 ја потврдија својата цврста поддршка за територијалниот интегритет на Украина во завршната декларација од тридневниот состанок во Ла Малбе, Квебек, Канада.
Тие ја предупредија Русија дека ќе се соочи со нови санкции доколку не поддржи прекин на огнот во Украина и повикаа на цврсти безбедносни механизми за да се спречи нова агресија врз земјата.
Во заедничката декларација, министрите на Г7, исто така, повикаа на обновување на непречениот пристап на хуманитарната помош за Газа и на траен прекин на огнот во регионот.
Израел на 2 март го блокираше влезот на хуманитарна помош во Газа поради несогласувања со „Хамас“ околу втората фаза од примирјето.ссм/
фото: ЕПА