• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шикорски: Полска и Европа мора да бидат подготвени за евентуална следна руска агресија

Шикорски: Полска и Европа мора да бидат подготвени за евентуална следна руска агресија

Варшава, 24 март 2025 (МИА) – Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски денеска предупреди дека Полска и Европа мора да бидат подготвени за евентуален руски напад до крајот на оваа деценија.

- Русија моментално не е во состојба сама да ја победи Украина, така што не би била веднаш подготвена за поширока офанзива. Но, ако Украина биде принудена да капитулира, ако, на пример, Русија ги преземе мислите, луѓето во Украина и нејзината армија, најголемата од оваа страна на Европа, тогаш таа пресметка би изгледала поинаку, истакна Шикорски во интервју за полското радио ТОКФМ.

Според него Полска и Европа треба да бидат подготвени дека Русија „ќе ја поврати способноста за нови агресии до крајот на оваа деценија“.

- Најважно е Украина да опстане како земја која избира свои лидери, го контролира огромното мнозинство од својата територија и го избира правецот на нејзината интеграција, посочи Шикорски.

Тој оцени дека сегашните преговори за прекин на огнот се во интерес на Украина и изрази надеж дека ќе се договори примирје.

Украинците веруваат дека одредено затоплување на односите со Русија може да биде корисно за преговорите. Но, да имаме на ум дека Украина не е беспомошна жртва на агресија. Украина се бори и има сојузници, вклучувајќи ги Европска Унија и Полска, наведе шефот на полската дипломатија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан