Израелски министер за одбрана: Ако Либан не го спроведе примирјето, ние ќе го наметнеме
- Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека либанската влада мора да го спроведе примирјето меѓу Хезболах и Израел или, во спротивно, Израел ќе продолжи со нападите.

Тел Авив, 28 март 2025 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека либанската влада мора да го спроведе примирјето меѓу Хезболах и Израел или, во спротивно, Израел ќе продолжи со нападите.
- Испраќам јасна порака до либанската влада: ако вие не го спроведете примирјето, ние ќе го наметнеме, изјави Кац, откако израелска авијација изврши напад врз цели во Бејрут.
Ова е првпат Израел да бомбардира јужни предградија на Бејрут откако на 27 ноември стапи во сила примирјето со „Хезболах“.
Ударот врз густо населен кварт бил изведен кусо откако израелската армија повикала на евакуација поради претходен ракетен напад врз Израел.
Либанскиот премиер Науаф Салам ја повика армијата да ги уапси одговорните за ракетниот напад од Јужен Либан кон Израел. ссм/
фото: ЕПА