Трамп разговараше телефонски со канадскиот премиер, двајцата ќе се сретнат по изборите во Канада
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Марк Карни, оценувајќи го разговорот како „исклучително продуктивен“.

Вашингтон, 28 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Марк Карни, оценувајќи го разговорот како „исклучително продуктивен“.
Трамп рече дека тој и Карни ќе се сретнат по изборите во Канада.
„Ова беше многу продуктивен разговор, се согласуваме за многу работи и ќе се сретнеме веднаш по претстојните избори во Канада за да работиме на прашања од политиката, бизнисот и сите други фактори“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Сошл.
Новиот канадски премиер распиша предвремени избори за 28 април. паг/
Фото: МИА архива