• понеделник, 25 ноември 2024

Шведскиот министер за одбрана вели дека Украина има право да се брани надвор од нејзините граници

Шведскиот министер за одбрана вели дека Украина има право да се брани надвор од нејзините граници

Стокхолм, 15 август 2024 (МИА) - Украина има право да се брани и на нејзината територија и надвор од неа, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон, цитиран од британските медиуми.

Тој го изјави ова во коментар за украинската воена операција во руската област Курск.

-Шведска, која е членка на НАТО, не била однапред информирана за плановите на Украина, рече Јонсон. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан